Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не престануваат шпекулациите за иднината на Миралем Пјаниќ во следниот преоден рок. Како што е познато, Барселона е во најдобра позиција да го купи фудбалерот на Јувентус.
Сепак, постојано се појавува и интересот од ПСЖ, кој наводно е заинтересиран за босанскиот репрезентативец и вчера се појавија информации дека имале контакт.
„Мундо Депортиво“ денеска пишува за тоа, а јасно порача дека парижаните задоцниле, бидејќи одговорот на Пјаниќ бил повеќе од јасен.
Пјаниќ му одговорил на спортскиот директор на ПСЖ дека сака да се пресели само во Барселона, која прва покажа интерес за него, а дали тоа ќе се оствари останува да видиме во следниот преоден рок.