ПСЖ го сака Алегри – веќе биле одржани првите преговори?


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Управата на ПСЖ имала преговори со Масимилијано Алегри, кој би можел на лето да седне на клупата на францускиот гигант.

ПСЖ не се задоволни од нивниот сегашен тренер Томас Тухел, без оглед на тоа што тие се борат за титулата во Франција и во Лигата на шампиони.

Алегри е голема желба на спортскиот директор Леонардо, кој го почитува 52-годишниот стратег. Тој нема ангажман од заминувањето од Јувентус на крајот на минатата сезона.

Претходно беше поврзуван со Арсенал, Манчестер јунајтед и Тотенхем, но од тоа на крајот не испадна ништо.

Во моментов најблиску до потписот е токму ПСЖ, но има уште многу време до крајот на сезоната, па ситуацијата би можела да се промени.