ПСЖ има план вреден 80 милиони евра за ѕвезда на Реал Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Париз Сен-Жермен подготвува силна стратегија за привлекување на талентираниот играч на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга.

Во летниот трансфер период, Луис Енрике ќе располага со значителен буџет за нови играчи, при што приоритет ќе биде доведување на врвен играч за средниот ред.

Едуардо Камавинга е на врвот на желбите, иако е јасно дека ќе биде предизвик да се убеди клубот од Мадрид за трансферот.

Со Камавинга кој се докажа како еден од клучните играчи за врска во Европа и важна фигура за Реал, ПСЖ подготвува понуда од 80 милиони евра за неговиот трансфер.