Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Францускиот шампион ПСЖ сака да добие еден од најталентираните фудбалери на Барселона, Ламин Јамал.
„Марка“ објави дека ПСЖ ѝ понудил 200 милиони евра на Барселона за 16-годишниот фудбалер, но каталонскиот тим не сакал да преговара.
Парижаните активно бараат замена за Килијан Мбапе кој на лето ќе замине од Париз и ќе се пресели во Реал Мадрид.
ПСЖ пред неколку години потроши 222 милиони евра за Нејмар, но Барселона овој пат си го обезбеди потписот на Јамал и не планира да го продаде.