ПСЖ ја доби „војната“ против Реал Мадрид за фудбалер на Лил

Францускиот шампион ПСЖ го договори дефанзивецот Лени Јоро од Лил, иако водеше голема битка со Реал Мадрид.

Флорентино Перез разговарал со Јоро и неговиот агент, меѓутоа не успеале да се договорат со 18-годишниот фудбалер.

ПСЖ веќе му понудил идеални услови на Јоро и за неговиот трансфер ќе треба да плати дури 50 милиони евра.

Актуелниот шампион се согласил и да го испрати Етиен Мбапе во Лил, а тоа му одговара на францускиот тим.