ПСЖ ја купува “пола” Севиља!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се спремаат промени на “Паркот на принцовите”, изгледа богатите сопственици го копираат “моделот” на клубот кој доминира во Лигата на Европа.

Унаи Емери чека Лоран Блан и официјално да ја прекине соработката со клубот од Париз, па да седне на клупата на францускиот клуб.

Со него од Севиља би можел да пристигне и Мончи, познатиот трансфер “гуру” кој во ПСЖ би бил поставен на местото спортски директор.

Изгледа дека на погоре споменатиот двоец веќе им се исполнуваат желбите, па на чекор од ПСЖ е Гжегож Криховијак!

Дефанзивниот фудбалер за врска е еден од клучните фудбалери на Севиља во претходните неколку години, а во овој момент тој се наоѓа со репрезентацијата на Полска на Европското првенство во Франција.

Медиумите од Полска пренесуваат дека Криховијак го напуштил кампот на репрезентацијата на некое време за да ги договори условите со францускиот клуб. Тој во клубот ви пристигнал како замена за Тијаго Мота кој најверојатно ќе го напушти клубот.