ПСЖ ја одреди цената за Мбапе, а Перез си чека попуст


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Килијан Мбапе сака да остане во ПСЖ уште една сезона, па потоа бесплатно да го напушти клубот, но тоа не им одговара на богатите газди на францускиот шампион.

Ал Хилал веќе се обиде да го купи Мбапе и испрати понуда од 300 милиони евра до ПСЖ и 700 милиони до Французинот, но тој не сакаше да преговара.

Мбапе сака да се пресели во Шпанија, односно во Реал Мадрид, кој е заинтересиран за неговите услуги, но нема да направи конкретен потег ова лето.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ го контактирал раководството на Реал и им побарал 250 милиони евра за трансфер на Мбапе.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез не е заинтересиран да плаќа толку голема сума затоа што е сигурен дека ќе го добие Мбапе следното лето и затоа чека огромен попуст за да го ангажира во август.