ПСЖ ја одреди цената за Мбапе ако одбие да потпише нов договор!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Килијан Мбапе одигра фантастичен меч вчера во победата на ПСЖ против Барселона од 4-1 во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Мбапе постигна хет-трик против Барселона, а веднаш потоа се појавија шпекулации дека Реал Мадрид сака што е можно побрзо да се договори со францускиот напаѓач за да премине во нивни редови.

Меѓутоа, „Ле Паризиен“ пишува дека ПСЖ е свесен за таа можност и доколку Мбапе одбие нов договор и побара да замине, тогаш тие нема да го спречат во намерата, но ќе бараат најмалку 200 милиони евра за неговиот потпис.

Најголем интерес за него покажаа „кралевите“, но дека има некој толку пари да плати за Мбапе во време на финансиска криза поради вирусот е тешко за да се поверува, но сепак останува да видиме што ќе се случи со младиот Французин.