ПСЖ ќе го продава Мбапе, цената е 100 милиони евра!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Францускиот гигант ПСЖ реши да го продаде Килијан Мбапе, затоа што напаѓачот до 15 јули не одговорил дали ќе потпише нов договор со екипата.

Мбапе не сака да го продолжи договорот до 2025 година, а тоа предизвика сомнежи во Париз дека францускиот голгетер сака да се пресели во Реал Мадрид.

ПСЖ од 1 август ќе прима понуди за Мбапе, а неговата цена е 100 милиони евра и се очекува неколку екипи да се борат за неговиот потпис.

Мбапе претходно кажа дека сака да остане во ПСЖ, но најверојатно таква му е намерата затоа што му следи бонус за лојалност од 90 милиони евра