ПСЖ ќе прави чистка на тимот, Меси донесе конечна одлука


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси кажа дека мора да донесе важна одлука за неговата иднина, а француските медиуми шпекулираат дека веќе го направил тоа.

Познатата телевизиска станица „ТиЦ Спортс“ објави дека Меси решил да остане во ПСЖ, иако немаше добра сезона, па планира и следната година да се бори за трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Медиумот пишува дека Меси ќе остане во Париз барем уште една година, за да го испочитува договорот кој го има со парижаните.

Меси има договор на уште една година, по што може да ја продолжи соработката на уште една или да си замине од тимот како слободен агент, што се очекува на крајот да го направи.