ПСЖ крена раце од Кулибали, стоперот продолжува во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Весникот близок до францускиот клуб, ПСЖ, „Ле Паризиен“ пренесува дека клубот од престолнината на Франција се откажал од намерата да го ангажира Калиду Кулибали од Наполи.

ПСЖ беше еден од заинтересираните тимови за 29 годишниот искусен дефанзивец кој долго време се поврзува со заминување од Наполи.

Сега, по откажувањето на ПСЖ и по желбата на Наполи да го продаде Кулибали, се појасно е дека тој кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Три клубови од Англија се заинтересирани да го ангажираат играчот за кој Де Лаурентис пред две години бараше и над 120 мииони евра. Ливерпул, Њукасл и Манчестер Јунајтед се уште ја разгледуваат можноста за негов ангажман.