ПСЖ можеби има тим од соништата, но Челси им покажа како се прават трансфери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот тим ПСЖ има голем број ѕвезди во екипата, а посебно се издвојува напаѓачкото трио кое е составено од Нејмар, Килијан Мбапе и Лионел Меси.

ПСЖ е доказ дека група на ѕвезди не гарантираат успех, односно титули, а тоа го потврдија со досегашните настапи во Лигата на шампиони (ЛШ).

Парижаните направија и неколку лоши одлуки, а посебно згрешија кога станува збор за бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва.

По осум години во дресот на ПСЖ, Силва замина во Челси, каде што покажа дека може да игра на врвно ниво и досега ги освои ЛШ, УЕФА Суперкупот, Светското клупско првенство, додека ПСЖ уште чека на европски исчекор.