ПСЖ му е лут на Реал Мадрид, што ќе биде со Мбапе?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо кажа дека не очекува заминување на Килијан Мбапе од тимот на крајот на сезоната и убеден е дека Французинот ќе потпише нов договор.

Мбапе има договор со францускиот гигант до 2022 година, а може уште во јануари да почне преговори со некој друг клуб. За него постои голем интерес, а меѓу екипите кои го сакаат е Реал Мадрид, чија понуда од 160 милиони евра беше одбеина.

„Мислам дека никој овде не ја гледа иднината без него. Не мислам дека ќе си замине на крајот на сезоната. Врската на Мбапе со ПСЖ е длабока. Бевме јасни со понудата која ја добивме. Тоа не беше доволно“, кажа Леонардо.

Мбапе во Париз пристигна од Монако во 2017 година за 180 милиони евра, а досега освои три шампионски титули.