ПСЖ му нудеше милиони, а беше и голема желба на Тен Хаг, но тој реши да се пресели во Лондон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вест хем јунајтед е пред голем трансфер, откако со Сасуоло ги договори условите за Џанлука Скамара, па наскоро се очекува официјална потврда од клубовите.

Сасуоло доби понуда од 36 милиони евра плус шест во бонуси, а освен тоа италијанскиот клуб ќе добие и 10% од следниот трансфер на Италијанецот.

Скамака во претходната сезона постигна 16 голови на 38 меча за Сасуоло, а неодамна ПСЖ понуди 40 милиони евра за неговиот потпис, но калчолигашот ја одби понудата.

За италијанскиот репрезентативец беше заинтересиран и Манчестер јунајтед, но екипата на Ерик Тен Хаг не испрати официјална понуда.

Вест хем добива големо засилување за следната сезона и помош во обидот да заврши на подобра позиција, откако минатата сезона „чеканите“ беа седми.