Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе во иднина сигурно ќе биде конкурент за освојување на „Златната топка“, но уште поинтересно е да се види во кој клуб ќе игра во следните години.
Во моментов младиот напаѓач има договор до 2022 година, но Реал Мадрид не се откажува од намерите да го ангажира и тоа ќе се обиде да го направи следното лето.
Некои сметаат дека „кралевите“ ќе мора да понудат дури 300 милиони евра, доколку сакаат да го купат талентираниот фудбалер. Сепак, ПСЖ не сака да го загуби Мбапе, па поради тоа планира да му понуди нов договор.
Мбапе би добил плата колку и Нејмар, односно 700.000 евра неделно, односно 36,8 милиони евра годишно, па тој неделно ќе заработува доволно за да може да живее фантастично до крајот на животот.
Французинот минатата сезона одигра 43 меча и постигна 39 голови, како и 17 асистенции.