ПСЖ нема избор: Нејмар ќе мора да биде „жртва“ за да го остане Мбапе! (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ПСЖ мора да донесе тешка одлука за да го задржи Килијан Мбапе, за кого интерес покажа Реал Мадрид, кој и претходно планираше да го донесе младиот Французин.

Францускиот гигант сака да го задржи Мбапе во екипата, а поради тоа парижаните ќе мора да го „жртвуваат“ Нејмар, кој има плата од 35 милиони евра.

Парижаните, наводно, планираат да му понудат повеќе пари на Мбапе за да го задржат на „Паркот на принцовите“, а тоа ќе го направат откако ќе се ослободат од Нејмар, кој би можел да се врати во Барселона.

Нејмар пред неколку години ја напушти Барселона во трансфер вреден 222 милиони евра и потпиша за ПСЖ, но сега се промени ситуацијата во француската екипа.