ПСЖ нема трпение: Ал Келаифи го „избриша“ Мбапе зашто се договорил со Реал!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе нема да патува со екипата на подготовки. Парижаните ќе одат на турнеја во Јапонија, а на списокот ја нема најголемата ѕвезда на тимот.

Англиските медиуми пишуваа дека ПСЖ подготвил огромен договор за Мбапе со цел да го спречи да потпише за Реал Мадрид, но Насер Ал Келаифи се налутил зашто е сигурен дека Французинот веќе постигнал договор со шпанската екипа.

„Л’Екип“ пишува дека Реал и Мбапе веќе имале договор и неговата мисија во ПСЖ е завршена, но засега не е познато кога би се преселил во Мадрид.

ПСЖ ќе сака да го продаде Мбапе уште летово за да заштеди пари и притоа да заработи од негов трансфер, додека Французинот сака да остане до крај на летото за да добие бонус од 60 милиони евра.