ПСЖ никој не може да го задоволи: Јувентус имал примамлива понуда за Нејмар, но…


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Иако имаше голем број шпекулации, сепак Нејмар не се врати во Барселона, па ќе мора уште една година да остане во ПСЖ.

Ниту една од понудите на Барселона не беше доволна за да ја задоволи управата на ПСЖ, па богатите сопственици решија да го задржат Бразилецот.

Сепак, Каталонците не се единствените кои испратиле понуди за него, туку и Јувентус се обидел да ги добие услугите на Бразилецот.

Шпански новинар откри дека „бјанконерите“ испратиле понуда од 100 милиони евра плус Пауло Дибала во замена за Нејмар, но ПСЖ ја одбил и таа понуда.

ПСЖ не размислувале премногу, па ја одбиле понудата и порачале дека сакаат 220 милиони евра за услугите на Нејмар.