ПСЖ отворен да продаде еден крилен фудбалер во јануари

Францускиот шампион ПСЖ  еподготвен во јануари да го продаде крилниот фудбалер Жулијан Дракслер.

Во јануари ПСЖ ќе купи играч од средниот ред и еден бек, а донеле одлука дека ќе му дозволат на Дракслер да си замине или перманентно или на позајмица.

Германецот е во ПСЖ уште од 2017 година и од тогаш на 83 лигашки натпревари има постигнато 11 погодоци.

Се верува дека за него има интерес од неколку германски тимови, пред се од тимот на Борусија Дортмунд.