ПСЖ подготвува одмазда за Мбапе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ до јуни 2024 година и затоа ќе си замине ова лето од екипата.

Парижаните се заинтересирани за замена на Мбапе и планираат да го купат Хари Кејн ова лето за 100 милиони евра, а интерес покажале и за Душан Влаховиќ од Јувентус.

Уште еден фудбалер кој се поврзува со ПСЖ е португалскиот репрезентативец Жоао Феликс, а медиумите пишуваат дека парижаните ќе го понижат Мбапе со тоа што ќе му го одземат дресот со број седум.

Мбапе не сака да го напушти летово клубот затоа што треба да добие бонус за лојалност од 90 милиони евра плус 60 милиони евра од платата.