ПСЖ потврди: 2020 година за Нејмар – заврши!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да настапи на ниту еден натпревар до крајот на 2020 година, откако заработи повреда по стартот на Тиаго Мендеш во дербито меѓу ПСЖ и Лион.

Мендеш во последните минути од мечот имаше опасен старт, а Нејмар падна на тревникот и ситуацијата изгледаше навистина сериозно, но за среќа не заработи посериозна повреда.

Прекршокот изгледаше навистина опасно, меѓутоа деталните прегледи носат добри вести за ПСЖ. Повредата на десниот зглоб не е сериозна, но сеедно Нејмар некое време нема да биде на терените.

ПСЖ денеска потврди дека Бразилецот нема да игра повеќе во 2020 година и дека на терените ќе се врати во јануари наредната година.