ПСЖ повторно ги понижи Каталонците: Му понуди договор само за да не замине во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека ПСЖ и Барселона не се во добри односи, а тоа почна пред неколку години. Каталонците тогаш сакаа да го купат Марко Верати и италијанецот беше заинтересиран за преселба во Каталонија.

Верати се плашеше тоа да го каже јавно, а кога газдата на ПСЖ го дозна тоа, веднаш го убеди да остане во Париз и му понуди нов договор.

Само една година подоцна ПСЖ ја активираше откупната клаузула за Нејмар и го купи за 222 милиони евра, што беше неверојатен удар за Барселона.

Меѓутоа, лошите односи на тимовите не се поправија, а ПСЖ сега сака да им зададе нов удар на Каталонците.

Барселона покажа интерес да го донесе Бернат на крајот на сезоната затоа што му заврши договорот, но сега јасно е дека тоа нема да се случи.

Бернат ќе остане во Париза зашто ПСЖ му понуди нов договор само за да не се пресели во Каталонија.