ПСЖ продолжува понатаму, Атлетико елиминиран од Светското клупско првенство


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Францускиот шампион Париз Сен Жермен се пласираше во осминафиналето на Светското клупско првенство, победувајќи го американскиот Сиетл Саундерс со 2-0. Атлетико Мадрид, иако ја оствари минималната победа од 1-0 над Ботафого, не успеа да се избори за елиминациската фаза и заврши со учеството.

Тимот на Париз доминираше и беше зрел во текот на целиот меч. Резултатот го отвори грузискиот интернационалец Квича Кварацхелија во 35-тата минута. Ашраф Хакими во вториот дел го потврди успехот со прецизен удар, кој им обезбеди сигурен пласман понатаму.

Од друга страна, иако победата на Атлетико беше обезбедена со голот на Антоан Гризман, тоа не беше доволно за вкупниот пласман и тимот го заврши настапот во групната фаза.

Возбудувањата продолжуваат во осминафиналето на Светското клупско првенство, каде што ПСЖ ќе се бори за својата прва светска титула.

Фото: Принтскрин