ПСЖ сака да го откупи Икарди во јануари, но најголем проблем им прави – Ванда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди игра одлично во дресот на ПСЖ, каде што пристигна на позајмица, а очигледно парижаните имаат намера да го откупат за 70 милиони евра и тоа во јануари. Сепак, најголем проблем во тоа им прави сопругата на фудбалерот, која е и негов агент Ванда Нара.

„Тутоспорт“ пишува дека „Светците“ сакаат да ја активираат клаузулата од 70 милиони евра уште во јануари, но Ванда се надева дека тоа нема да се случи бидејќи планира да го однесе нејзиниот сопруг во Реал Мадрид или Јувентус.

Икарди во моментов добива плата од 10 милиони евра годишно, што е двојно повеќе од тоа што имаше во Интер. Тој минатото лето имаше шанса да се пресели во Јувентус, но тогаш трансферот пропадна затоа што Пауло Дибала не сакаше да потпише за клубот од Милано.