ПСЖ сака да го раскине договорот со Рамос!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос пристигна во ПСЖ минатото лето како големо засилување, но тој сѐ уште нема дебитирано за францускиот гигант и најверојатно во јануари ќе замине од Париз.

Рамос пристигна во ПСЖ по незгодна повреда и сите се надеваа дека за краток период ќе се врати на теренот, но тој не е подготвен за игра ниту на почетокот на ноември.

Францускиот медиум „Ле Паризиен“ објави дека раководството на ПСЖ ја разгледува опцијата за да го раскине договорот со шпанецот затоа што ја загубиле довербата дека шпанскиот репрезентативец наскоро ќе заигра за тимот.

Рамос потпиша двегодишен договор со ПСЖ, но очигледно францускиот тим згреши и ќе видиме дали ќе го избрка во јануари.