ПСЖ сакал да го испрати Нејмар во Англија на крајот од преодниот рок!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Летово беа реализирани голем број трансфери, а најмногу пари потроши англискиот гигант Челси, кој состави тим со кој сака да ја освои англиската Премиерлига, но во последниот ден од трансфер-периодот можел да се случи изненадувачки трансфер.

Шпанска „Марка“ објави дека раководството на ПСЖ се обидело да го избрка Нејмар и да го продаде во Манчестер сити, но англискиот шампион не сакал да испрати понуда за бразилскиот репрезентативец.

Нејмар по пет одиграни меча во Лига 1 веќе запиша седум голови и шест асистенции, но прави проблеми во соблекувалната на гигантот од Париз и нема најдобри односи со Килијан Мбапе.

Сити бил заинтересиран за Нејмар, но тренерот Пеп Гвардиола не дозволил да се реализира трансферот.