Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ е свесен дека ќе го загуби Килијан Мбапе на лето, па уште сега почна да бара негов наследник. Се очекува Французинот да се пресели во Реал Мадрид, а како негова да пристигне Ерлинг Халанд.
„Газета дело Спорт“ пишува дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо почнал да работи на трансферот на Халанд, кој би можел да заработува и до 50 милиони евра годишно.
Некои медиуми сметаат дека ПСЖ е заинтересиран и за Роберт Левандовски, но Полајкот, сепак, ќе остане во Баерн Минхен.
За Халанд постои голем интерес и од гигантите од Премиерлигата, но и од Реал Мадрид и Барселона, но најголема шанса има да потпише за ПСЖ, кој може да му ги исполни сите барања.