ПСЖ со голови во првиот дел ја совлада Борусија Дортмунд и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите (Видео)


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Празните трибини на „Паркот на принцовите“ не претставуваа проблем за тимот на ПСЖ кој славеше против Борусија Дортмунд со 2:0 во реванш средбата од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Головите парижаните ги постигнаа во првиот дел од натпреварот кога мрежата на Борусија Дортмунд ја затресоа Нејмар и Хуан Бернат.

Тоа беше доволно да се анулира предноста која ја имаше Борусија Дортмунд од првиот натпревар кога победи со 2:1.