ПСЖ свика итен состанок, позната казната за Нејмар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ се состанале во текот на денешниот ден на средба на која се зборувало за казната која ќе му биде изречена на Нејмар.

Бразилскиот фудбалер ќе добие казна затоа што не се појавил на почетокот на подготовките на клубот, а тежината на истата веќе излезе во медиумите.

„Скај Спортс“ пренесува дека раководството на ПСЖ планира да му го одземе бонусот кој му следува на Нејмар во секоја месечна плата, а плус планираат да му скратат и некој процент од неговата основна плата.

Се поизвесно е дека фудбалерот ќе си замине од редовите на франуцскиот шампион и најверојатно ќе се врати во Ла Лига од каде интерес има од Реал Мадрид и Барселона.