ПСЖ, Тотенхем, Јунајтед… Алегри е конечно слободен и може да бира нов клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри повеќе не е на платениот список на Јувентус. Тој со години доминираше со Јувентус во Серија А, па освои многу трофеи, но доби отказ поради тоа што не го обезбеди трофејот во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми објавија дека Алегри конечно станал слободен и може да размислува за нова работа, без потреба за преговарање за отштета, а притоа и Јувентус се ослободи од дополнителен трошок.

Неодамна Алегри кажа дека активно учи англиски јазик и дека е подготвен да тренира клуб надвор од Италија. Неговото име во претходниот период се поврзуваше со Манчестер јунајтед, Тотенхем, ПСЖ…