Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
ПСЖ повторно е шампион на Франција, и тоа овој пат во скратено првенство и сега се подготвуваат за следната сезона. А една од позициите кои сакаат сериозно да ги засилат е местото на лев бек.
Парижаните се подготвени да ангажираат млад и талентиран фудбалер на таа позиција, а тој фудбалер би можел да биде Тео Ернандез.
„Л’Екип“ објави дека ПСЖ го контактирал Милан, и тоа преку спортскиот директор Леонардо. Бразилецот беше поранешен фудбалер на Милан, а беше и функционирер на „Сан Сиро“, па сега го сака младиот играч.
Милан, наводно, е подготвен да го пушти да замине, но за сума од 50 милиони евра, иако би го продале следното лето, а не ова.