ПСЖ влезе во преговори со Челси за ангажман на играч на „сините“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот шампион ПСЖ влегол во преговори со Челси за трансфер на играчот од средниот ред, Тему Бакајоко.

Бакајоко претходните две сезони ги мина надвор од Челси, како позајмен играч во Милан и Монако, па англискиот клуб е подготвен да го пушти играчот да си замине.

Сега тимот на ПСЖ се заинтересирал за Бакајоко, а се уште се разгледува опцијата дали ќе се обиде да го ангажира на перманентна основа или и тие ќе го донесат како позајмен фудбалер.