ПСЖ во проблеми: Откриено колку време ќе паузира Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ синоќа славеше со 4-0 против Тулуз во француската Лига 1, но малкумина се израдуваа на триумфот бидејќи се повреди Килијан Мбапе.

Французинот ќе пропушти два меча со својата репрезентација, кои се играат против Албанија и Андора.

Тој во 66. минута се повреди, па мораше да го напушти теренот, а денеска беа направени првите прегледи.

Францускиот напаѓач Мбапе ќе мора да паузира еден месец, а потоа ќе се врати на тренинзите со неговата екипа.

Освен тоа што ќе ги пропушти дуелите на Франција против Албанија и Андора, Мбапе нема да може да игра ниту на првиот меч за ПСЖ во Лигата на шампиони.