ПСЖ за само три дена заработи богатство од дресовите на Меси


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во Париз сите се луди по Лионел Меси, откако Аргентинецот во вторникот потпиша двегодишен договор со ПСЖ, а официјално беше претставен во средата.

Во истиот ден голем број навивачи пристигнаа пред стадионот, а само еден ден подоцна ја пречекаа аргентинската ѕвезда.

Според информациите на „Марка“, ПСЖ продал 832.000 дресови и веќе ја надминал сумата од 100 милиони евра.

Секако, нема сите пари да ги добие тимот, туку ПСЖ ќе добие 10 проценти од секој дрес. Останатите пари се за произведувачот, но во секој случај парижаните заработија еден куп пари за само неколку дена.

Очигледно на таков начин францускиот тим би можел да го исплати Меси, кој стигна бесплатно, а има годишна плата од 35 милиони евра.