ПСЖ загуби дома од Барселона, а Енрике за реваншот вели дека ќе им биде – полесно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Енрике и ПСЖ беа поразени на „Паркот на принцовите“ со 2-3 од Барселона, па во реваншот ќе треба да се потрудат за да го елиминираат каталонскиот гигант.

Енрике вели дека уште ништо не е решено и во реваншот ќе им биде полесно бидејќи без голем притисок ќе се подготвуваат.

„Никој не сака да загуби на домашен терен. Сега уште полесно ќе се подготвуваме за реваншот во Барселона и ќе победиме на гостински терен. Јас сум единствениот кој го гледа овој тим на тренинзите, ги анализирам сите работи и носам важни одлуки. Овој резултат значи дека треба да ја преземам вината за поразот“, вели Енрике.