Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Иако Астон Вила успеа да го победи натпреварот во четвртфиналето од Лигата на шампионите, ПСЖ и Барселона обезбедија место во полуфиналето.
Со головите на Хакими и Мендеш гостите брзо водеа со 0-2. Тилеманс го намали резултатот пред крајот на првото полувреме.
Во второто полувреме Астон Вила одговори со голови на Мекгин и Конса, но не успеаја да постигнат уште еден гол кој би ги одвел натпреварот во продолженија.
Донарума беше херојот за ПСЖ со своите три значајни одбрани, што му го овозможи на тимот пласман во полуфиналето.
Борусија Дортмунд, иако го победи дуелот со Барселона со 3-1, не успеа да ја анулира предноста од 4-0 што Каталонците ја изградија во првиот натпревар.
Фото: PSG – Paris Saint-Germain