ПСЖ започна преговори со најдобриот играч на Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на ПСЖ започнале преговори со Арсенал за услугите на нивниот најдобар играч, Пјер Емерик Обамејанг.

Искусниот офанзивец има само уште една сезона од договорот со „топчиите“, па доколку од Арсенал сакаат да заработат на неговиот трансфер ќе мора да го продадат ова лето.

Според „Тодофијашес“ ПСЖ ги отворил преговорите со Арсенал, а се верува дека наскоро ќе влезе во преговори и со Обамејанг за да го убеди играчот да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Освен ПСЖ, за Пјер Емерик Обамејанг се интересираат и шпанските гиганти, Барселона и Реал Мадрид.