Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интервуто на Килијан Мбапе за „Л’Екип“ ги потресе сите во Париз, а Французинот повторно кажа дека сака да замине во Реал Мадрид.
Претходно за Мбапе јавно зборуваа Карим Бензема и Карло Анчелоти, а на крајот и претседателот на тимот Флорентино Перез.
Спортскиот директор Леонардо испрати жестока порака преку медиумите поради тоа.
„Валканата кампања на Реал Мадрид трае веќе две години. Преодниот рок е завршен. Реал мора да прекине да се однесува така. И тоа веднаш. Мбапе е играч на ПСЖ и Реал со ова однесување покажува непочит кон нас“, вели Леонардо.