Публиката го нервираше, па Ѓоковиќ ги нападна со – пцовки! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ славеше со убедливи 3-0 во сетови против Талон Грикспор и се пласираше во третото коло на УС-опен, иако имаше проблеми со навивачите во текот на натпреварот.

Публиката ја користеше секоја шанса на УС Опен за да го провоцира Србинот, а често тоа се случуваше пред Ѓоковиќ да испрати удар, па српскиот тенисер повеќе не можеше да издржи.

Србинот ги загуби нервите на почетокот на третиот сет и почна да ја пцуе публиката, а судијата го предупреди Ѓоковиќ да се смири, по што тие двајца почнаа вербална расправија.