Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Барселона, Карлес Пујол побара помош од навивачите, кои не се задоволни поради лошите резултати на нивниот омилен клуб.
Навивачите ги критикуваа нивните фудбалери, а потоа го нападнаа автомобилот на тренерот Роналд Куман пред стадионот „Камп ноу“, но за среќа никој не беше повреден.
Пујол смета дека тоа нема да помогне за решавање на проблемите, туку според него треба сите да се обединат и заедно да ја поминат оваа криза со која се соочува Барселона.
„Во Барселона свирежите нема да донесат ништо добро. Уште повеќе после период во кој се освоени многу титули. Клубот го загуби најдобриот фудбалер во историјата и се наоѓа во фаза на реконструкција. Барселона секогаш треба да се бори за трофеи во сите натпревари во кои учествува. Фановите треба да ги поддржуваат играчите од првата до последната минута. Свирежите не се потребни, треба да сме обединети. Ќе ја надминеме кризата, но треба да сме сплотени“, кажа Пујол.