Пујол не сака повеќе да молчи, па обвини: Реал Мадрид и ВАР се – „најдобри пријатели“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид минатата вечер славеше со 3-2 против Бетис, по асистенција на ВАР-системот, а тоа го изнервира поранешниот дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол, кој едноставно не можеше да молчи по тоа што се случуваше на теренот во Шпанија.

На стадионот во Севилја имаше многу работи, а Пујол покажа незадоволство од судењето на судијата Рикардо де Бургос, кој со помош на ВАР-системот го оштетил Бетис, односно го исклучи Емерсон, а потоа досудил и пенал за „кралевите“.

Поранешниот дефанзивец објави неколку реакции по одлуките на судијата и така покажа дека не се сложува со тоа што го забележа на натпреварот.

„Ќе мора да сме добри ако сакаме да победуваме. Веруваме дека ова ќе биде предизвик и мотивација за екипата“, порача Пујол.