Пукање во Приштина за време на натпреварот Србија – Албанија (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Србија претрпе тежок пораз и срамота во Лесковац, бидејќи во квалификациите за Светското првенство беше поразена од Албанија со 1:0.

Единствениот гол го постигна Реј Манај во 46. минута, а се покажа дека тоа беше доволно за големо славје на Албанците.

Голем број Албанци и од Косово, го следеа овој натпревар, особено во Приштина, каде на улиците го гледаа преносот на натпреварот на видео бимот, а токму таму, дојде и до страшен инцидент.

Имено, еден од навивачите, за време на натпреварот, извади пиштол во масата и почна да пука во воздух, а сега се појави и нова снимка од тој инцидент.

Имено, додека многу луѓе стоеја пред видео бимот и го гледаа натпреварот, еден од нив извади пиштол, почна да талка низ толпата, а потоа истрела неколку куршуми во воздух.