Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Управниот одбор на кошаркарската НБА лигата ја одобрил продажбата на Бостон Селтикс на група акционери предводена од Вилијам Чисхолм.
Чисхолм е еден од основачите на приватниот инвестициски фонд „Symphony Technology Group“ и страстен поддржувач на оваа легендарна екипа.
Одобрението од сопствениците на НБА клубовите пристигна пет месеци откако беше најавена продажбата на Селтикс. Вредноста на трансакцијата изнесува 6,1 милијарда долари, што донедамна беше рекорден износ за купување на некој американски спортски клуб.
Во јуни рекордот беше надминат со продажбата на Лос Анџелес Лејкерс, кои семејството Бас ги продаде на милијардерот Марк Волтер за вртоглави 10 милијарди долари.
Досегашните сопственици на Селтикс, тим со најмногу титули во историјата на НБА со 18 шампионски титули, предводени од претприемачот Вик Гроусбек, пред 23 години го купија Бостон за само 360 милиони долари.