„Пукна“ љубовта: Хаверц по шест месеци го напушта Арсенал!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот интернационалец Каи Хаверц не се прилагоди во Арсенал, каде што пристигна од Челси, па сега се шпекулира дека по само шест месеци ќе замине од Лондон.

Хаверц пред неколку дена постигна гол за Арсенал, но „Мундо Депортиво“ објави дека тоа ништо не значи и Барселона ја следи ситуацијата во Лондон.

Германецот постојано добива критики од јавноста поради лошите настапи, а слично беше и додека го носеше дресот на Челси.

Арсенал за потписот на Хаверц плати 75 милиони евра, а германскиот репрезентативец постигна само еден гол во дресот на „топчиите“.