Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед го победи Брајтон со 2-0 во одложениот меч од 18. коло во Премиерлигата, а најголем придонес имаа Португалците Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш, кои ги постигнаа головите.
Јунајтед со оваа победа се врати на четвртата позиција и ќе се бори за пласман во Лига на шампиони (ЛШ) до крајот на сезоната.
Новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк, објави дека во екипата во моментов се одвива „војна“ на два кланови кои се предводени од Кристијано Роналдо и Хари Мегваер.
Англичаните се револтирани од Роналдо, кој сака да биде главен во соблекувалната, па затоа се побуниле против него, меѓутоа Португалецот има поддршка од Фред, Далот, Варан, Фернандеш и други колеги.