Пулев немоќен против шампионот: Џошуа ја одбрани титулата! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ентони Џошуа победи синоќа во Лондон против Кубрат Пулев со технички нокаут во деветтата рунда и ја одбрани титулата на светски шампион во ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО.

Џошуа беше голем фаворит во мечот против бугарскиот боксер и овој пат не дозволи никакво изненадување, па ги одбрани појасите.

Џошуа ја контролираше борбата од самиот почеток, па добро го погоди Пулев неколку пати, кој немаше вистински одговор на нападите на шампионот.

Пулев некако успеа да ја преживее третата рунда, но против шампионот изгледаше немоќно во тие моменти. Сепак, успеа да се врати во следните рунди, меѓутоа Џошуа без проблеми ги доби сите, а притоа го испрати Бугаринот двапати на подот.

Ова за Џошуа е 24. победа во кариерата и сега сите очекуваат борба против апсолутниот светски шампион Тајсон Фјури.