Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Суперлигата требаше да почне од следната сезона, но се распадна за само 48 часа откако беше објавено кои 12 гиганти имаат намера да го почнат натпреварувањето.
По големиот притисок од јавноста и критиките, како и заканите од УЕФА, клубовите еден по еден се откажувале од Суперлигата, иако официјално и понатаму се во игра Реал Мадрид, Јувентус и Барселона.
Германските медиуми пишуваат дека рускиот претседател Владимир Путин му се јавил на газдата на Челси, Роман Абрамович, кој го притиснал да се откаже од Суперлигата зашто руски „Гаспром“ е главен спонзор на Лигата на шампиони.
Русија во 2018 година го организираше Светското првенство и Путин сакаше да остане во добри односи со УЕФА и ФИФА, па му наредил на Абрамович да се откаже.
По нив се откажа и Манчестер сити, а наводно дел од проектот не сакал да биде Мансур Бин Зајед, газда на Манчестер сити поради тоа што финансер на Суперлигата биле Суадиска Арабија и принцот Мохамед бин Салман.