Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Реал Мадрид беше совладан од Арсенал со убедливи 0-3 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите, додека Интер приреди изненадување во Минхен против Баерн.
Главен јунак за Арсенал беше Деклан Рајс. Тој ја потресе мрежата на Реал со два прецизни слободни удари, во 58. и 70. минута, уверувајќи ја победата на својот тим. Завршниот погодок го донесе Микел Мерино во 74. минута.
Интер извојува победа против Баерн Минхен со резултат од 1-2 на “Алијанц арената”. Првиот гол за гостите го постигна Лаутаро Мартинез во 37. минута.
Израмнувачкиот погодок дојде од Томас Милер во 85. минута, но само три минути подоцна, Давиде Фратези постигна гол за конечна победа на Интер.
Фото: Arsenal/FB