Рабио го избра бројот кој ќе го носи следната сезона во Јувентус (ФОТО)

Францускиот фудбалер Адриен Рабио вчера официјално стана нов фудбалер на Јувентус, откако му заврши актуелниот договор со ПСЖ.

Овој 24-годишен фудбалер долго време се поврзуваше со неколку европски гиганти, но на крајот реши да ја продолжи кариерата во италијанскиот гигант. Рабио потпиша четригодишен договор, а по сезона ќе заработува околу седум милиони евра.

Тој денеска беше официјално претставен на стадионот на Јувентус, па се сликаше со дресот на новиот клуб и реши во следната сезона да го носи бројот 25, кој го имаше и додека настапуваше за ПСЖ.