Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Синоќа Франција беше поразена во натпреварот за третото место на Светското првенство од Англија со 6:4, а по натпреварот Адриен Рабио застана пред камерата и со своите изјави предизвика хаос во француската јавност.
Иако “триколорите” важат за прв фаворит за освојување на Светското првенство, на крајот го завршија натпреварувањето без медал.
Екипата на Дидие Дешам имаше шанса да освои бронза во мечот против Англија, но на крајот доживеа нов пораз со резултат 6:4.
Французите во голем дел од натпреварот за трето место изгледаа комплетно незаинтересирано, бидејќи беше јасно дека на поголемиот дел од играчите во оваа селекција овој натпревар не беше воопшто важен.
Тоа предизвика незадоволство во соблекувалната на триколорите, особено кај оние играчи кои очигледно сакаа Франција да одигра на највисоко ниво и достоинствено да се прости од натпреварувањето.
Затоа, големо внимание предизвика Адриен Рабио, кој по натпреварот се појави пред камерата и искрено рече што мисли за настапот на својот тим.
„Денеска видов однесување што никогаш не сум го видел во мојата кариера. За еден ваков натпревар е неприфатливо да се однесуваат поединци на тој начин“, рече Рабио, алудирајќи на одредени соиграчи.
🇫🇷🏴 Адриен Рабио ги критикува своите соиграчи и нивното “недозволиво однесување”!#beINFWC2026 pic.twitter.com/dXYIngkdmU— beIN SPORTS (@beinsports_FR) July 18, 2026
















